fbpx

ТРАГЕДИЈА! Ненадејно почина познатиот пејач, колегите се простуваат

Тажна вест, нека почива во мир

Умре Милија Митровиќ, кантавтор и текстописец од Ужице, објавија српските медиуми.

Популарниот „каубоец“, како што го нарекуваа колегите и пријателите, починал ненадејно, соопштија неговите колеги и пријатели.

Со музика почнал да се занимава уште во 60-тите години на минатиот век. Заштитен знак му беа гитарата и усната хармоника. Публиката ќе го памети по баладите кои ги интерпретираше со особена жар.

„Вокалот му беше многу сличен со оној на Дадо Топиќ, беше единствен и исклучително талентиран“, коментираат фановите на социјалните мрежи.

Во богатата кариера потпиша стотици текстови. Иако имаше обиди да се реализира во повеќе музички состави, најголем успех постигна како самостоен изведувач.

Следни Објави

СРАМОТА! Ова е д-р Даниел кој ја загуби дозволата за работа: На ВИДЕОТО се гледа што прави за време на операција

Пластичниот хирург Даниел Аронов од Австралија ја загуби лиценцата за работа, иако претходно беше еден од најпочитуваните во својата бранша на овој континент. Аронов скапо го чинеше една снимка што ја прикачи на „Тик Ток“ каде го следат неверојатни 13 милиони луѓе. Иако пред спорното видео имаше објавено уште неколку […]