fbpx

Беше најпознатото дете на овие простори: Многу се промени, сега работи нешто неочекувано (ФОТО)

Се прослави како дете во култната серија „Среќни луѓе“. Во деведесеттите беше најпознатото дете на овие простори, сите се сеќаваат на малиот Небојша Голубовиќ и неговиот најдобар другар-кучето Симо.

Иако му предвидуваа блескава кариера и уште многу актерски остварувања, Јанко Миливојевиќ не продолжи по тој пат и денеска се занимава со нешто прилично интересно.

„Повеќе од една деценија работам во семејната галерија на Баново брдо, тоа ни е базата. Транспортираме и пакуваме уметнички дела. Татко ми е во тој бизнис веќе 30 години, па логично беше на некој начин да го наследам, особено ако се земе в предвид дека и двајцата мои браќа одамна се отселија од Србија. Едниот живее во Дубаи, а другиот во Америка“, открива Миливојевиќ.

Тој денеска има 35 години и е семеен човек, сопруг и, како што вели, горд татко на девојче.

На ѕвездените моменти од неговата актерска кариера се сеќава со задоволство и раскажува дека има само убави спомени.

„Бев мал и многу не ги разбирав работите, но знам дека додека траеше снимањето живеевме во едно исклучително тешко време. Мојот хонорар за тие три години беше толкав што не можев да платам едно летување за семејството. Имаше инфлација, така да немаше финансиски интерес, туку чист ентузијазам од моја страна“, на шега коментира тој.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

ОГРОМНА ТАГА! Почина познатиот актер, имаше само 56 години

Неверување и шок, колегите се простуваат На 56-годишна возраст почина францускиот актер Adama Niane. Овој исклучително талентиран уметник се прослави во Lupin, хит-серијата на „Нетфликс“. Причината за смртта не е соопштена. Колегите со трогателни пораки се простуваат од него на социјалните мрежи. Lupin стана едно од најгледаните шоуа од неанглиско […]