fbpx

Цели 12 години беше во кома, кога се разбуди ги шокира сите: Најмногу го болеле зборовите на мајка си

Болна исповед на Мартин кој, сега како возрасен човек, се сеќава на се’ што му се случило додека бил заробен во сопственото тело

Мартин Писториус од Јужна Африка бил типично момче кое обожувало да си игра со разни уреди, најмногу со транзистори и телевизори. Но, неговото идилично детство било прекинато од мистериозна болест.

Кога имал 12 години, еден ден дошол дома од училиште со болка во грлото, но мајка му не обрнувала премногу внимание на тоа, мислејќи дека ќе му помине со малку мед и чај. Сепак, неговата состојба се влошила до момент кога повеќе не можел да оди, ниту да стои, ниту пак да зборува. Лекарите претпоставуваат дека заболеле од криптококален менингитис, а пред да успеат нешто да преземат, детето паднало во кома.

Во раната фаза Мартин не бил свесен за ништо. Неговото семејство организирало посебна нега околу него, од бањање, хранење со помош на цевчиња, вртење на телото.. Но, кога имал 16 години наеднаш се „разбудил“, односно станал свесен за се што се случува во неговата околина. Сепак и натаму не можел да зборува, да се движи, ниту да комуницира со семејството или на било кој начин да им каже дека е „тука“. До тој момент поминале цели осум години ропство во сопственото тело.

Во документарниот филм за него, Мартин и членови на неговото семејство откриваат невообичаени детали од нивниот живот. Како што немале можност за попладневна грижа за него, Мартин родителите во текот на работното време го оставале во посебниот институт.

„Мразев да бидам во центарот за нега, беа ужасни кон мене. Мојот татко откако се разбудил и им открив што се случуваше, сите ги пријави, иако тие демантираа. Нема што не ми правеа, ме влечеа за коса, ме удираа со метална лажица по забите за да јадам. Често ми даваа жежок чај, ме шамараа, се однесуваа како да не се луѓе“, вели Мартин.

Неочекувано, во документарецот се жали и на сексуално злоставување кога една од вработенитените наводно му симулирала секс и го допирала по гениталиите. Сепак, од се’ што претрпел, за него најболен момент бил кога ја слушнал неговата мајка како изустува „Се надевам дека ќе умреш“, додека му го бришела телото. Тие зборови останале длабоко врежани во неговото сеќавање.

Инаку, по 12 години, вработени од Институтот забележале дека има промена во неговата состојба и дека се мачи да комуницира со нив. Добил и компјутер со чија што помош и денес комуницира со луѓето. Успеал да ги унапреди и движењата на екстремитетите со разни терапии, а преку интернет во 2008-ма година ја запознал и својата сопруга поради која се преселил во Велика Британија.

Иако докторите му рекле дека не може да има потомство, во јули 2018-та година Џоана ненадејно останала бремена.

Следни Објави

Играл мижитатара, завршил во друга држава: Толку добро се сокрил што го нашле 3.700 километри подалеку

Сите како деца игравме мижитатара, на улица или во училишниот двор, но тешко е да се замисли дека некој толку добро се сокрил, па завршил.. во друга држава! Токму ова му се случило на едно 15-годишно момче од Бангладеш кое се сокрило во транспортен контејнер. Детето се вика Фахим и […]