fbpx

Играл мижитатара, завршил во друга држава: Толку добро се сокрил што го нашле 3.700 километри подалеку

Сите како деца игравме мижитатара, на улица или во училишниот двор, но тешко е да се замисли дека некој толку добро се сокрил, па завршил.. во друга држава!

Токму ова му се случило на едно 15-годишно момче од Бангладеш кое се сокрило во транспортен контејнер.

Детето се вика Фахим и на 11 јануари играл криенка со другарите во пристанишниот град Читагонг.

Кога се сокрил во контејнерот, наводно заспал чекајќи подолго време да излезе. Во меѓувреме контејнерот го товареле на брод кој отпатувал за Малезија. Шест дена подоцна несреќниот тинејџер е пронајден изгладнет и дехидриран, а видеото објавено на „Редит“ покажува како изгледа после пат од 3.700 километри.

Кога го пронашле, имал температура и веднаш го хоспитализирале.

„Момчето едноставно влегло во контејнерот, заспало и се нашло овде“, им изјави на новинарите Датук Сери Саифудин, малезискиот министер за внатрешни работи.

Полицијата првично се посомневала дека е во прашање некоја шема за трговија со луѓе, но таа теорија наскоро била отфрлена.

Следни Објави

Која е мистериозната докторка Маријана? По нејзиниот третман Новак Ѓоковиќ се врати на врвот

(ФОТО) Еве во што е тајната! Маријана Ковачевиќ се прослави како докторка која им помага на најголемите спортски ѕвезди брзо да се опорават и што порано да се вратат на терен. Последен шампион на нејзиниот список е Новак Ѓоковиќ кој пред два дена по јубилеен десетти пат го освои турнирот […]