fbpx

Која е мистериозната докторка Маријана? По нејзиниот третман Новак Ѓоковиќ се врати на врвот

(ФОТО) Еве во што е тајната!

Маријана Ковачевиќ се прослави како докторка која им помага на најголемите спортски ѕвезди брзо да се опорават и што порано да се вратат на терен. Последен шампион на нејзиниот список е Новак Ѓоковиќ кој пред два дена по јубилеен десетти пат го освои турнирот во Австралија. Токму таа е причината што Ноле и покрај повредите успеа да триумфира и да се врати на врвот.

„После моите третмани, мускулот е комплетно нов. Нема трага од поранешни повреди. Нема лузни, сенки, фиброза, нема ниту можност да дојде до повторна повреда.. Станува збор за револуционерен метод со кој се постигнува целосна регенерација на мускулот“, објасни таа во еден разговор.

Нејзините терапии се толку силни што еден час ваков третман заменува целонеделно класично лекување.

„Тоа значи дека ако кажат дека треба да мирува цел месец, јас проблемот го решавам за четири часа“, појасни таа.

Се шпекулира дека Ѓоковиќ ѝ платил 50.000 евра (покриени сите трошоци, вклучувајќи пат и сместување) за да допатува во Австралија и да му помогне да го заврши турнирот.

Маријана досега соработувала со Кристијано Роналдо, Енди Мареј, Алексис Санчез, Дејан Станковиќ..

Следни Објави

Почина брат ѝ на Марија Шерифовиќ: Пејачката скршена по големата семејна трагедија

Долго чувана тајна Полубратот на Марија Шерифовиќ кој нејзиниот татко го доби во вонбрачна врска го знаете сите. Данијел Павловиќ јавноста го запозна кога во 2008 година се појави во музичкото шоу „Операција триумф“ каде се натпреваруваше и нашиот Александар Белов. Она што на публиката ѝ е помалку познато, е […]