fbpx

Ангелина падна во кома и почина: Мајката Вера шокирана од причината за смртта

Качила температура и се пожалила на силни главоболки. Неполни две недели подоцна починала

Смртта на Ангелина ја згрози јавноста откако нејзината мајка ги објави резултатите од обдукцијата и го впери прстот кон лекарите.

Дванаесетгодишното девојче од Новосибирск во училиште примило вакцина против менингоенцефалитис што се пренесува преку крлежи. По имунизацијата, се пожалила на силни главоболки и качила температура, па итно била хоспитализирана.

Докторот, според зборовите на нејзината мајка, утврдил дека има САРС. Неколку часа подоцна ученичката паднала во кома, а неполни две недели подоцна починала.

Вера, мајката на Ангелина Вахненко, конечно ја доби хистолошката анализа околу причините за смртта, а резултатите ја шокирале.

„Во болницата на почетокот ми рекоа дека ќерка ми има гноен менингитис. Со таква дијагноза, повеќе од 90 отсто од пациентите умираат, речиси е невозможно нешто да се направи. Но, според последните анализи, таа имала тип на менингитис што успешно се третира и можела да биде спасена, но докторите изгубија драгоцено време лечејќи ја од САРС“, раскажува мајката скршена од болка.

Веќе е поднесена и кривична пријава за предизвикување на смрт од небрижност, но досега никој не е обвинет. По смртта на Ангелина, училишната медицинска сестра си дала отказ. Тамошните медиуми пробале да ја слушнат и нејзината страна од приказната, но таа е недостапна за новинарите.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Син ѝ одбил да се лечи, тоа ѝ е најголемата болка: Добрила наполни 95 години, ОВА ѝ дало сила да продолжи да живее

Добрила Ивановска-Чабриќ, победничката на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“, неодамна наполни 95 години. Животот не ја мазел воопшто, но успеа да се справи со сите предизвици и да дочека длабока старост. Неодамна раскажа дека кај неа дома секогаш е весело. Времето го поминува корисно и, како што кажа, […]