fbpx

Бремената Анѓелка јавно го бакнува идниот сопруг: Веќе не ја крие врската со несудениот кум (ФОТО)

Лудо вљубени

Познатата српска актерка Анѓелка Прпиќ конечно е фотографирана со трудничкото стомаче на настан во Белград кој го организираше нејзината драга пријателка Марија Килибарда, водителката на шоуто „Твоето лице звучи познато“ кое се прикажуваше и кај нас.

Актерката која се прослави во серијата „Андрија и Анѓелка“ на ивентот се појави во друштво на партнерот Марко Жугиќ со кого очекува принова, а за кого медиумите објавија дека ѝ е несуден кум.

Во периодот од 2011 до 2020 година, Анѓелка беше во брак со Дарио Прпиќ, со кого го има синот Јакша.

Наводно Дарио постојано ѝ бил љубоморен на Анѓелка додека ја снимала серијата „Андрија и Анѓелка“ со Андрија Милошевиќ, а се развеле наводно откако таа дознала дека ја изневерува со хрватската старлета, манекенка и пејачка Ава Карабатиќ.

Две години подоцна, Анѓелка повторно е бремена и тоа од најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг.

Фото: Принтскрин БлицТВ

Следни Објави

(ФОТО) Вистински фраери: Кои се синовите на Памела Андерсон?

Децата кои ги доби од краткиот и бурен брак со рокерот Томи Ли отсекогаш биле интересни за медиумите На „Нетфликс“ конечно е достапен документарниот филм за Памела Андерсон. По бројните гласини, претпоставки и разни озборувања, секс-симболот од 90-тите одлучи да ја раскаже својата верзијата на приказната. Во „Памела, љубовна приказна“ […]