fbpx

На „Инстаграм“ љубовта им цветала, а во домот пекол! Шокантни детали за хирургот кој си ја претепа сопругата

Малку се арогантни, не се дружат со никого во населбата, сведочат соседите

Не стивнуваат реакциите во регионот по веста дека познатиот 48-годишен доктор Н.О., потполковник вработен како хирург во Воено-медицинската академија во Белград, вчера со дршка од пиштол ја претепал сопругата И.О.

Нивните соседи во Земун сведочат дека се изненадени од пријавеното семејно насилство. Претходно немале слушнато никаква врева од посоченото „место на злосторот“.

„Не очекував дека таков човек со авторитет, на функција, би можел да си ја тепа жената. Малку се арогантни, не се дружат со никого во населбата“, раскажува еден од комшиите.

Друг, пак, надополнува дека делувале како да имаат хармоничен брак. Живееле на ниво, имале вила и возеле добри автомобили.

„Им ги отворив и профилите на социјалните мрежи. Гледам многу заеднички фотографии на кои се гушнати, делуваат како идеална двојка. Очигледно љубовта им цветала за јавност, а домот им бил пекол “, коментира еден „твитерџија“.

Осомничениот доктор утре ќе биде изведен на распит пред Обвинителството во Белград за кривичното дело семејно насилство.

Српските медиуми јавија дека кај оштетената биле констатирани тешки физички повреди-скршеница на четири ребра, надлактица и хематоми.

Следни Објави

Се вљубиле и по пет месеци се венчале: Македонија спои Турчинка и Полјак (ФОТО)

Сила Екин од Турција и Миколај Зараѓи од Полска минатата година се запознале на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзиетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Се вљубиле и по пет месеци се венчале. Романтичната приказна ја обелоденија на фејсбук-страницата на Оваа МСМЈЛК, […]