fbpx

Нова семејна трагедија: Сузана Турунџиева скршена од тага

Сузана Турунџиева денеска со трогателна посвета се прости од својата свекрва.

Таа на своите следбеници на социјалните мрежи им откри дека се упокила мајката на нејзиниот сопруг Марјан кој прерано го напушти овој свет и од кого ја има ќерката Матеа.

„Денес, по кратко боледување не’ напушти нашата драга баба Лена, жената која многу го сакаше животот, но и многу тагуваше по својот единец Марјан. Последна почит ќе ѝ оддадеме утре, од 11.30 до 12.30 во Капелата на Градски гробишта Бутел“, напиша Турунџиева на „Фејсбук“.

Сузана во 2016 година му посвети книга на починатиот сопруг во која, како што самата напиша, се сместени најсреќните и најтажните моменти од нивната долгогодишна љубовна приказна.

„Постојано ми велеше дека животот е долг, дека има време.. Животот бил пред нас, и да не се грижам за ништо кога те имам тебе.. Велеше: Ќе имаме многу време злато мое и за да пропатуваме и за да ги посетиме сите земји кои ти се омилени. Јас жестоко ти се спротивставував и се обидував да те опоменам, да те потсетам дека не е така и дека животот е безобразно краток, суров и непредвидлив.. Не успеав.. Не успеав да ја променам судбината, да ти помогнам, да ја спасам нашата љубов, да го премости и тој кобен 28-ми јули, кога без збогум и предупредување ми заспа засекогаш.. А што се не сме претргале заедно.. Милион бури и невремиња.. Затоа решив да пишувам сонце мое.. пишував за нас, за тебе.. Ред солзи, ред букви.. Напишав лектира за љубовта, ВИСТИНСКАТА.. Да им помогне да научат да љубат на сите кои не љубеле и не биле љубени бар еднаш во животот! Ти благодарам што ме научи што е љубов, и што беше најдобриот дел од мојот живот.. И засекогаш ќе бидеш! До нашата следна средба, НЕ ВЕЛИ ЗБОГУМ љубов моја“, напиша Сузе во посветата на книгата.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Огромна тага! Потресно писмо на познатиот пејач кој почина на 33 години: Се срамев!

Пред една година почина Том Паркер, член на популарниот бенд „Д Вонтед“, на кој во 2020 му беше дијагностициран терминален тумор на мозокот. Младиот пејач непосредно пред смртта им раскажа на фановите низ што се’ поминува во борбата со болеста. Тој тогаш сподели трогателно писмо и проговори за сите свои […]