fbpx

Огромна тага! Потресно писмо на познатиот пејач кој почина на 33 години: Се срамев!

Пред една година почина Том Паркер, член на популарниот бенд „Д Вонтед“, на кој во 2020 му беше дијагностициран терминален тумор на мозокот.

Младиот пејач непосредно пред смртта им раскажа на фановите низ што се’ поминува во борбата со болеста. Тој тогаш сподели трогателно писмо и проговори за сите свои стравови, но и за прифаќањето на истите.

– Изложен сум пред камерите од својата 21-ва година и изгледот отсекогаш ми бил многу важен. Променив многу фризури, дури и онаа луда русокоса боја која сопругата ја мразеше. Кога почнав со лекувањето косата почна да ми опаѓа, па следното утро кога се вратив од болница ја замолив жена ми да ми ја избричи главата. Чувствував како да земаат дел од мене, имаше солзи – напиша музичарот.

Долго време одбивал овој „нов имиџ“ да го промовира во јавноста. Првите неколку месеци носел шешири и воопшто не му било пријатно како изгледа.

– Знам дека звучи глупо на еден маж толку да му пречи ќелавоста, кога се соочува со толку сериозни работи, но мене ми се чинеше како да носам некој беџ на главата на кој пишува: „Имам рак“. Ми требаше време, ама се прифатив себеси и сега се гордеам со новиот изглед. Тоа е трофеј за тоа што успеав да го совладам и она што допрва треба да го победам – искрено проговори тој во едно од своите последни интервјуа.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Бугарин доби ќотек откако нападна македонски полицајци (ВИДЕО)

Бугарин си доби ќотек на граница, откако претходно денеска со часови ги напаѓаше македонските полициски службеници, пренесува порталот „Прес 24“. Уапсени се бугарските државјани кои денеска ги пцуеја македонските полициски службеници на граничниот премин Деве Баир, оти чекале повеќе часа. Денеска околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло […]