fbpx

Илина и Игор СЕ РАЗДЕЛИЈА: Сега дефинитивно е крај, ексклузивна исповед на Џамбазов

Легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата врвна алпинистка Илина Арсова не се повеќе заедно.

Сега дефинитивно е крај за емотивната врска која последниве години беше под будното око на јавноста.

Легендарниот актер и шоумен во интервју за порталот „Слободен печат“ открива дека далечината си го направила своето.

„Да, тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов. И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, раскажува Игор за „Слободен печат“.

Во постаро интервју Џамбазов откри дека со Илина се запознале преку заеднички пријатели во Охрид.

„Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав: „Сите сакаат да се запознаат со мене, а еве, јас сакам да те запознаам тебе“. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас сменив локација. По неколку месеци ми се случи првиот здравствен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време сè до карантинот. Се сретнавме во Дојран, а сè потоа е историја“, раскажа Џамбазов за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Следни Објави

Откриена вистината за бракот на Зорица и Кемиш: ТАЈНАТА од минатото конечно исплива во јавноста

Легендарната пејачка Зорица Брунцлик и музичарот и хармоникаш Мирољуб Аранѓеловиќ-Кемиш се една од најскладните естрадни двојки со повеќедецениски „стаж“. Рецепт за успех немаат, но и двајцата имаат солиден багаж-пропаднати бракови од кои, како што велат, излегле посилни. Чаршијата и медиумите постојано ги разведува, а во една прилика дури и самите планирале […]