Легендарната пејачка Зорица Брунцлик и музичарот и хармоникаш Мирољуб Аранѓеловиќ-Кемиш се една од најскладните естрадни двојки со повеќедецениски „стаж“.
Рецепт за успех немаат, но и двајцата имаат солиден багаж-пропаднати бракови од кои, како што велат, излегле посилни.
Чаршијата и медиумите постојано ги разведува, а во една прилика дури и самите планирале да си пуштат таков муабет затоа што Кемиш сметал дека во тој момент тоа би било добро за нејзината кариера.
„За пејачите секогаш е модерно пред новиот албум да измислат дека се разведуваат. Па, Мирољуб еден ден дојде дома и ми се обрати: Зошто да не исценираме развод за да успее албумот? Категорично го одбив, му реков дека тоа не е добро за него“, ја откри Брунцлик нивната тајна од минатото.
Неодамна таа на шега прокоментира и за нивниот најголем „конфликт“.
„Се убиваме околу картите. Кога и да играме, тој сака да победи по секоја цена. Мојот брак е како и секој друг, но јас сум мудра жена. Молчам кога треба да молчам и зборувам кога треба да кажам нешто суштинско. Тоа е она што го одржува мојот брак и затоа добивам сè што сакам“, низ насмевка порача Зорица.