fbpx

СКАНДАЛ! Се огласи Теа Таировиќ по наводното апсење, ова нема да им се допадне на „хејтерите“

Информацијата на српски „Телеграф“ дека Теа Таировиќ е уапсена во Шведска ги возбуди фановите во целиот регион, вклучувајќи ги и нејзините бројни македонски обожаватели.

Порталот објави и фотографии на кои наводно се гледа како познатата пејачка со лисици на рацете ја приведува тамошната полиција, но очигледно приказната е сосема поинаква.

Таировиќ конечно на се огласи на „Инстаграм“ и раскажа што навистина се случило.

„Го работев тоа што го правам секој викенд-пеев. Го завршив настапот и заминав на аеродром. Сега сум во Софија. Што се однесува до спорните фотографии на кои наводно имам лисици, само ќе кажам дека стоев со рацете позади грбот. Тоа го правам често бидејќи имам болки во кичмата, а покрај мене се припадници на обезбедувањето, што е нормално. Да имав лисици, не ќе можев да настапувам, ниту пак сега вака да ви се обратам“, порача таа.

Инаку, неодамна британскиот портал „Либерти гејмс“ ја објави листата со најслушаните изведувачи и песни, засебно за секоја држава од светот, на Јутјуб во последните 12 месеци, а во Македонија најслушана песна е токму нејзиниот турбофолк хит „Хајде“.

Следни Објави

Илина и Игор СЕ РАЗДЕЛИЈА: Сега дефинитивно е крај, ексклузивна исповед на Џамбазов

Легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата врвна алпинистка Илина Арсова не се повеќе заедно. Сега дефинитивно е крај за емотивната врска која последниве години беше под будното око на јавноста. Легендарниот актер и шоумен во интервју за порталот „Слободен печат“ открива дека далечината си го направила своето. „Да, […]