fbpx

Страшни детали за неговата смрт, имаше само 36 години: Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ прерано нè напушти

Прерано го напушти овој свет

И по една година од трагедијата, не стивнуваат реакциите по прераната смрт на Јасмин Хасиќ, поранешниот финалист во „Ѕвездите на Гранд“ и интерпретатор на кој му предвидуваа блескава кариера.

Талентираниот пејач имаше само 36 години кога го напушти овој свет. Му беше откриен тумор на бубрезите поради кој беше итно опериран во Турција, но по зафатот не успеа да се се избори со опаката болест.

Тажната вест ја потресе естрадата. Многу познати личности се огласија на социјалните мрежи, а меѓу нив и Лејла Захировиќ.

„Останав без зборови, ништо не може да ги намали болката и тагата.. Разочарување! Ова е огромна загуба, голем човек, пејачиште, прекрасен сопруг и татко.. Засекогаш ќе те сакам, брату мој“, напиша таа.

Пораки со поддршка во тие тешки мигови постојано се редеа и на фејсбук-профилот на сопругата на пејачот со која има две деца.

„Тагата и болката се големи, примете мое искрено сочуство, Бог нека ви даде сила“, беше една од пораките.

Фото: Инстаграм/Ѕвездите на Гранд/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

СКАНДАЛ! Се огласи Теа Таировиќ по наводното апсење, ова нема да им се допадне на „хејтерите“

Информацијата на српски „Телеграф“ дека Теа Таировиќ е уапсена во Шведска ги возбуди фановите во целиот регион, вклучувајќи ги и нејзините бројни македонски обожаватели. Порталот објави и фотографии на кои наводно се гледа како познатата пејачка со лисици на рацете ја приведува тамошната полиција, но очигледно приказната е сосема поинаква. […]

Можеби ќе ве интересира