fbpx

Македонец тешко повреден во земјотресот: Нови детали за УЖАСОТ во Турција

Девет наши државјани се во Турција, осум ученици и нивниот ментор и наставник, потврдија од Македонското министерство за надворешни работи (МНР).

Во катастрофалниот земјотрес во Турција повредени се двајца македонски ученици кои преку програмата „Еразмус плус“ престојувале таму.

„Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди-скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање, додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците, ниту пак менторот не се во животна опасност“, соопштија од МНР.

Министерството нема иформации за други наши државјани кои се во загрозена состојба или на кои им е потребна помош, но македонските претставништва континуирано комуницираат со надлежните турски институции, како и наши граѓани кои информираат за состојбите на терен.

Следни Објави

Продолжува циклусот силни земјотреси на Балканот: Што го чека регионот?

Анализа на сеизмологот Славица Радовановиќ „Сега можеме да очекуваме во наредните 10 до 15 години дека на некој друг простор на Балканот повторно ќе се случи земјотрес со многу високи магнитуди. Тешко е да се каже каде, но постојат делови во Македонија, Бугарија, Романија, па и источна Србија каде со […]