fbpx

Ново ШОК ВИДЕО од земјотресот во Турција: Детенце плаче и моли за помош

Ќе ви пукне срцето.. Дај Боже да е извлечено живо и здраво!

Снимки со вознемирувачка содржина постојано се споделуваат на социјалните мрежи откако утрово Турција се разбуди во шок по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер што го погоди југоисточниот дел на земјата и северна Сирија.

Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а се верува дека стотици сè уште се заробени под урнатините и се очекува бројот на жртвите да расте.

Спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат низ урнатините во градовите и населбите низ целата област.

На една од последните снимки објавени на „Твитер“ се гледа детенце кое плаче и моли за помош.

На видеото јасно се гледа дека е заглавено во урнатините на првиот кат од куќата и практично виси наопаку од ѕидот.

Следни Објави

Потресно! Фудбалер под урнатините плаче ко дете: Не е сам, спасувачите се пробиваат.. (ВИДЕО)

Кристијан Атсу, репрезентативец на Гана и поранешен играч на Порто и Њукасл, е пронајден жив по извештаите дека бил „заробен“ и исчезнат во урнатините по разорниот земјотрес, пишува „Дејли мирор“. Португалскиот весник „А Бола“ објави дека Атсу бил извлечен од урнатините и пренесен во болница поради повреда на десното стапало […]