fbpx

Ова е Марко кој филмски го избоде татка си и монструозно ја уби маќеата (ФОТО)

Страшно семејно злосторство се случи синоќа, вмешана е и сестра му Милица

Марко П. (23) од Трешњевица кај Параќин е осомничен дека ја убил маќеата, а потоа заедно со сестра си Милица го нападнале и сериозно го повредиле татко им Милош.

Според последните информации, сериозните повреди му ги нанеле со метална шипка и со нож.

Момчето утринава во полициската станица признал дека го нападнал татка си, но изјавил и дека ја убил својата маќеа Марина М. Патролата веднаш се упатила на местото на злосторството, а безживотното тело на починатата било заткнато превртено на стомак во локва крв.

Нејзината ќерка Виолета за српски „Блиц“ изјави дека мајка ѝ била заклана со нож и дека мотивот се пари. Сепак, според извори на истрагата, мотивот е емотивната врска во која биле Марина и Милош. Надлежните органи се сомневаат дека нивната љубов премногу им пречела на децата.

Мештаните од селото сведочат дека несреќната жена и претходно била малтретирана.

„Осум години живееја заедно и супер се согласуваа. Проблем беа неговите деца. Марко и не толку, со Милица имаше најголеми конфликти. Беше поднесена и пријава бидејќи ја тепала мајка ми. Ништо не ѝ можеа откако ја прогласија за непресметлива“, раскажува Виолета Живановиќ Кркиќ, ќерката на убиената жена.

Истрагата е во тек.

Следни Објави

Ново ШОК ВИДЕО од земјотресот во Турција: Детенце плаче и моли за помош

Ќе ви пукне срцето.. Дај Боже да е извлечено живо и здраво! Снимки со вознемирувачка содржина постојано се споделуваат на социјалните мрежи откако утрово Турција се разбуди во шок по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер што го погоди југоисточниот дел на земјата и северна Сирија. Повеќе […]