fbpx

Панчо од „ДНК“ жртва на измама: Луѓе, отворете очи!

Драги наши.

На 12ти јануари имавме чест да бидеме дел од традиционалниот вевчански карневал на кои настапивме со целиот наш бенд и кој воедно многу го почитуваме како македонски традиционален настан. Атмосферата беше феноменална, публиката одлична, но за да не биде се така розево се погрижи ликот Александар ЦЕЗАР Коневски кој важи за еден од најголемите патолошки лажговци и ПРЕВАРАНТИ кои се занимаваат со ангажирање на бендови и артисти односно човек кој секојдневно бара нови жртви за да им се случи ова што се случи со 11-12 бенда во Вевчани.

Се’ до денеш ден ниту еден бенд кој настапуваше на овогодинешниот фестивал нема земено ниту еден денар од договорениот хонорар за кој најчесно си ја извршија работата. Ние како бенд на самиот ден бевме приморани да го откажеме настапот бидејќи не беше исполнет договорот од горенаведениот лик, но за среќа добивме ветување и ЗБОР од Ѓорѓи Влајкиноски кој е претседател на ОК и близок човек на Градоначалникот Спасе Кочовски (на кои сме им благодарни за одличниот пречек и тоа што веднаш се заложија да ја исправат несаканата ситуација со горенаведениот лик) па затоа и се сложивме да го оддржиме.

За да биде уште пострашно, истиов човек должи пари на многу други луѓе, па од таму само сакам да ги предупредам нашите колеги да бидат многу претпазливи кога станува збор за Цезар преварантот од Скопје, не оној славниот римски император.

Исто така упатувам апел и до сите градоначалници, приватни компании ширум Македонија да го имаат во предвид истотво, да не си ставаат здрава нога во трн и да си го валкаат образот.

Во животот се е лекција, но подобро е кога ќе ја научиш на туѓ грб, па затоа и се решив да го споделам јавно се со цел да спасам нови жртви.

Фејсбук-статус на Владимир Блажев-Панчо, естраден уметник

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Ова е Марко кој филмски го избоде татка си и монструозно ја уби маќеата (ФОТО)

Страшно семејно злосторство се случи синоќа, вмешана е и сестра му Милица Марко П. (23) од Трешњевица кај Параќин е осомничен дека ја убил маќеата, а потоа заедно со сестра си Милица го нападнале и сериозно го повредиле татко им Милош. Според последните информации, сериозните повреди му ги нанеле со […]