fbpx

Ништо не наговестувало дека ќе се случи трагедија: Потресни детали за смртта на маестро Завков

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на нашиот врвен инструменталист и композитор, маестро Милан Завков.

Првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот имаше само 61 година.

Негови блиски откриваат дека ништо не наговестувало дека ќе се случи трагедија. „Едноставно, срцето му откажало додека бил во своето студио“, велат тие.

Речиси цела македонска естрада денеска му оддаде почит на големиот уметник.

„Гледам и не си верувам со очиве дали е можно да ни почина најголемиот наш Милан Завков. Нека ти е светол патот пријателе, ќе бидеш во нашите сеќавања запаметен како скромен и правичен човек, а како музичар стамен, стабилен и виртуоз од светски ранг. Прерано не’ напушти за жал. Сочувство до цела фамилија Завковки за нивната голема загуба. Македонија е сега уште посиромашна“, напиша на социјалните мрежи Наум Петрески.

Последните часови пред ТРАГЕДИЈАТА: Братот на Милан низ солзи раскажува што се случувало..

Со трогателна посвета од својот другар и соработник се прости и Сузана Спасовска.

„Миланче, душо моја, другар мој, колега, каде замина одненадеж? Нели денес ќе си пиевме кафе на нашата клупа како и секое утро? Како без тебе сега? Со кого од срце ќе се смеам и ќе си кажуваме спомени? Мики, нели заедно ќе си одевме во пензија? Каде побрза Мики, каде??? Не знам ни како да помислам, дека веќе нема да те видам.. Премногу ќе ми недостигаш!!! Бог нека ти ги отвори рајските порти драг, Маестро Милан! Почивај во мир! Слава ти!“, напиша Спасовска на „Фејсбук“.

Следни Објави

Последните часови пред ТРАГЕДИЈАТА: Братот на Милан низ солзи раскажува што се случувало..

На 61-годишна возраст ненадејно почина нашиот врвен инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, маестро Милан Завков. За последните часови пред трагедијата низ солзи раскажува неговиот брат Тоше Завков. Вели дека не може да поверува што се случило. Двајцата биле на одмор и вчера им бил […]