fbpx

Последните часови пред ТРАГЕДИЈАТА: Братот на Милан низ солзи раскажува што се случувало..

На 61-годишна возраст ненадејно почина нашиот врвен инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, маестро Милан Завков.

За последните часови пред трагедијата низ солзи раскажува неговиот брат Тоше Завков.

Вели дека не може да поверува што се случило. Двајцата биле на одмор и вчера им бил прв ден на работа.

„Речиси цел ден бевме заедно. Разговаравме, правевме планови поврзани со музиката. Отидеовме на ручек. Беше многу расположен. Ние бевме многу блиски и секојдневно се дружевме. Никогаш не се пожали дека има здраствени проблеми. Делуваше здраво и имаше голема енергија. Иако цел ден бевме заедно,  ми се јави околу 19 часот. Долго време разговаравме, се шегувавме и се смеевме“, открива Тоше за „Женски магазин“ и додава дека по два часа му се јавила сопруга на Милан.

Ништо не наговестувало дека ќе се случи трагедија: Потресни детали за смртта на маестро Завков

Му рекла дека на Милан не му е добро и веднаш да замине кај нив.

„Беше веќе доцна. Брзата помош во нивниот дом констатирала смрт. Се се случило одеднаш. Милн бил во своето студио, кое е во рамките на нивната куќа. Работел на неговите нови песни кои сакаше да ги пријави на фестивалите. Дошол во салонот и само рекол дека го стега нешто во градите. Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот“, раскажа Тоше.  

Следни Објави

По 22 часа спасено е детенце во Турција: Премрзнато под урнатините, без храна и вода (ВИДЕО)

Вистинско чудо По цели 22 часа поминати под урнатините, во Турција е спасено тригодишно момче, јавуваат светските агенции. Премрзнато, без храна и без вода, малечкото конечно е на сигурно, а емотивно видео од спасувањето сподели Хакан Копур, новинар во националната телевизија ТРТ. Во катастрофалниот земјотрес кој вчера ги погоди Турција […]