fbpx

Шок по смртта на малиот Оливер: Се задави во градинка, но никој нема да одговара

Нема виновен во случајот кој го потресе светот, родителите бараат правда

Малиот Оливер имаше само девет месеци кога во септември 2021 година почина во болница, шест дена откако се задави од храна во градинка во Кент.

Во медицинскиот извештај пишува дека причина за смртта е оштетување на мозокот и срцев удар, на што му претходело гушење и аспирација на храна.

Родителите на момчето сега се известени дека нема да биде поднесена кривична пријава против градинката која беше трајно затворена по трагедијата, пишува британски Сан.

Зори и Луис Стипер најавија жалба, откако судот одлучи дека никој нема да одговара за смртта на нивниот син.

„Иако првичната истрага констатира дека процедурите во градинката биле „неквалитетни и неконзистентни“, во овој момент нема да одговараат за трагичната смрт на нашиот син, која можеше да се избегне“, напишаа неутешните родители.

Тие се шокирани од ваквата одлука, но решени се да одат до крај. Нивниот адвокат веќе поднесе жалба.

„Ќе го превртиме секој камен, бидејќи сме убедени дека кобниот ден во таа установа не биле следени бројни процедури“, велат тие.

По смртта на Оливер, Зои и Луис повторно станаа родители, па тоа ги прави уште порешителни да, како што велат, им застанат на патот на „премногу опуштените учителки во градинка“.

Следни Објави

ПОТРЕСНА СЦЕНА: Се породи, па почина под урнатините (ВИДЕО)

Се случи Божјо чудо Нова драматична снимка денеска го обиколи светот откако новороденче беше спасено од урнатините на зграда во северозападна Сирија која се сруши до темел во вчерашниот катастрофален земјотрес. Видеото на кое се гледа возрасен маж кој носи бебе прекриено со прашина откако било извлечено од урнатините е […]