fbpx

БЛАГОЈЧЕ НЕ ГО ДОЧЕКА ЛЕКОТ: Неговите последни зборови болат

Почина Благојче Илиевски-Ѕвончарот, битолчанецот кој боледуваше од цистична фиброза.

Тој беше најтешко болниот пациент од ова ретко заболување и не ги доби потребните лекарства од државата.

Благојче до последен момент се надеваше дека ќе биде меѓу првите осум пациенти кои ќе го добијат лекот „Трикафта“.

Последната негова изјава порталот „Фактор“ ја објави утринава.

-Јас верувам дека сум во онаа група од осум пациенти кои сме во најтешка здравствена состојба и дека први би го добиле, но образложението дека процедурата ќе биде подолга додека се случи набавката, некако нè обесхрабри. Од последниот пат кога разговаравме, а тоа беше кон крајот не ноември, јас уште еднаш бев хоспитализиран. Повторно 12 дена на Клиниката за пулмологија, го чистат белодробието до секретот, но верувајте состојбата не ми се подобрува, и сега ме слушате како едвај дишам, како не можам да искашлам.. Ми останува навистина само да се надевам дека ќе дочекам да почнам терапија со „Трикафта“-ова се последните зборови на Благојче.

Нека почива во мир!

Следни Објави

Рацеве ми се тресат од тага: Татјана скршена од болка, ја откри долго чуваната тајна на маестро Завков

Со река солзи во очите го пишувам овој пост и не можам да верувам. Ах, бе Мице!!!! Беше и ќе бидеш огромен дел од мојот и животот на моето семејство Лазаревски. Првенствено како наш најблизок и најискрен пријател, и како мој Музички Гуру, човек и уметник кој ме воведе во […]