fbpx

Дете (2) пие вода од капаче: 44 часа било заглавено, ова ВИДЕО ја кине душата

Болни и потресни сцени постојано се споделуваат на социјалните мрежи по катастрофалниот земјотрес кој се случи на границата помеѓу Турција и Сирија, а во кој според последните проценки загинале над 9.400 луѓе.

Последната снимка која ги расплака сите е онаа објавена на „Твитер“ со двегодишниот Мухамет кој поминал цели 44 часа под урнатините.

На видеото може да се види како спасувачите на исцрпеното момче му даваат вода од капаче за шише.

Станува збор за момче од Сирија кое во тој момент било во Турција, пишуваат локалните медиуми.

Спасувачите продолжуваат да бараат преживеани. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10-те региони најпогодени од земјотресот.

Следни Објави

Мики, колку си одморен и свеж, ти блеска лицето: Потресно сведоштво на Сузана Спасовска за маестро Завков

Во холот на Националната опера и балет денеска се одржа комеморација во чест на ненадејно починатиот македонски автор и музичар Милан Завков. За првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот говори одржаа неговите колеги, меѓу кои и нашата фолк-легенда Сузана Спасовска. „Миланче, душо моја, другар мој, колега, каде замина […]