fbpx

Мики, колку си одморен и свеж, ти блеска лицето: Потресно сведоштво на Сузана Спасовска за маестро Завков

Во холот на Националната опера и балет денеска се одржа комеморација во чест на ненадејно починатиот македонски автор и музичар Милан Завков.

За првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот говори одржаа неговите колеги, меѓу кои и нашата фолк-легенда Сузана Спасовска.

„Миланче, душо моја, другар мој, колега, каде замина одненадеж? Нели денес ќе си пиевме кафе на нашата клупа како и секое утро? Како без тебе сега? Со кого од срце ќе се смеам и ќе си кажуваме спомени? Мики, нели заедно ќе си одевме во пензија? Каде побрза Мики, каде???“, напиша таа вчера на „Фејсбук“.

Денеска на комеморацијата уште еднаш потврди дека маестро Завков ѝ бил еден од најблиските колеги и пријатели.

„На тој шести февруари дојдовме сите на работа, за првпат по паузата. Не можев ни да замислам дека кога ќе си заминеме од работа, ќе го нема нашиот Милан со големо срце, со преубава насмевка и со ведар дух. Не можам да верувам дека клупата каде што секое утро на паузата заедно го пиевме првото кафе и голтка по голтка разговаравме за животот, ќе остане празна. Тоа утро кога го видов, се израдував и му реков: „Мики, колку си одморен и свеж, ти блеска лицето“. Ми рече: „За ова, кафе морам да да честам“. Си зборувавме дека имаме уште некоја година до пензија. Требаше мирно да ги поминуваме пензионерските денови. Се договоравме дека и тогаш ќе одиме едни кај други и ќе пиеме по некоја ракија и салата“, низ солзи раскажа Сузана на комеморацијата, пренесува „Слободен печат“.

За последните часови пред трагедијата, прочитајте ја ОВДЕ емотивната исповед на неговиот брат Тоше Завков.

Следни Објави

ОГРОМНА ТАГА! Кристина, почивај во мир!

Уште еден живот прерано згасна Македонскиот претседател Стево Пендаровски сподели тажна вест на неговиот официјален фејсбук-профил. Тој ѝ откри на јавноста дека починала неговата најблиска соработничка. „Четири години најблиски соработници. Бог да ја прости! Збогум! Кристина Ангелеска (1981-2023)“, напиша претседателот. Под објавата се нижат коментари со сочувство. „Имав можност да […]