fbpx

ПОТРЕСНО! Бранка од Скопје низ солзи раскажува: Внука ми е под урнатините..

Под урнатините на сирискиот град Алепо остана и четири годишната внука на Бранка Недељковиќ, Македонка која над две децении живеела во Сирија пред да избега од ужасите на војната.

Во обид да си ги извлече од станот на 4-кат во зградата, двете деца и сопругата, помладиот син во семејството Неделковиќ не успеал да ја спаси ќерка си.

„Они не се повредени, они се добро, ама девојчето.. Започнале да паѓаат делови од кујната, трчал да ги спаси, го спасил едното, не можам ништо да го разберам, потресен е и тој, и нема линија да зборувам со него. Нема контакт, нема струја, нема интернет“, раскажува Недељковиќ за телевизија Алфа.

Низ солзи вели дека доколку на време се врателе во Македонија, ништо од ова немало да се случи. Таа веќе неколку години е заглавена низ лавиринтите на македонските инстицуии. Бидејќи помладиот син е роден во Сирија, не можел да дојде со неа и со постариот брат кога побегнале од ужасите на војната пред шест години. Оттогаш никако не успева да ги среди документите.

„Он бара да се врати во Македонија. И документите, и моите што ги зема, он ми даде пари, јас му ги испратив на него тие пари за да може да извади пасоши и добив ветување дека ќе го донесат во Македонија и ќе го вработат. Он сака да се врати, не сака таму да живее, нема никаков живот, таму нема услови“, вели Бранка.

До почетокот на војната, Бранка Недељковиќ, имала убав и мирен живот. Го запознала сопругот, Сириец, во 80-те во Скопје, кога тој бил овде како студент. Потоа заедно заминале за Алепо. Сето тоа се менува буквално преку ноќ, со почетокот на граѓанската војна.

Бранка сега е во скопски Бутел каде се грижи за постариот син кој е во инвалидска количка откако бил погоден од заскитан куршум во Алепо. Тој има и психички псоледици, трауми бидејќи пред негови очи неговиот татко, сопругот на Бранка, загинал во експлозија уште на почетокот на конфликтот.

Видеоприказната можете да ја погледнете ОВДЕ!

Следни Објави

Огромна тага! Елена ја загуби битката со ракот, имаше само 38 години

Уште еден живот прерано згасна По долга битка со канцер, во својот дом во Солто, во близина на Бреша, на 38-годишна возраст почина познатата скијачка Елена Фанкини. Тажната вест ја потврдија од Италијанската скијачка федерација. Здравствената состојба рапидно ѝ се влоши во последните месеци, открија од нејзиното семејство. Фанкини освои сребрен […]