fbpx

Рацеве ми се тресат од тага: Татјана скршена од болка, ја откри долго чуваната тајна на маестро Завков

Со река солзи во очите го пишувам овој пост и не можам да верувам.

Ах, бе Мице!!!! Беше и ќе бидеш огромен дел од мојот и животот на моето семејство Лазаревски. Првенствено како наш најблизок и најискрен пријател, и како мој Музички Гуру, човек и уметник кој ме воведе во музичките и пеачките води.

Засекогаш ќе ми остане во најубав спомен денот кога пред 27 години решив да станам пејачка. Откако им соопштив на моите родители за мојата одлука, прво што направи мојот татко Стефан (кој ти толку го сакаше и почитуваше како свој татко и во негова чест го компонираше и му го посвети најубавото „Стефаново Оро“) го зема телефонот, ти се јави и ти рече: „Мице, стави по едно кафе, доаѓаме до Жане (мајка ми ) и Тања, сериозна е работата“.

Кога стигнавме во твојот дом татко ми ти рече вака: „Мице, Тања сака да почне да пее, те молам слушни ја и најискрено без лутење кажи дали ја бидува или не, да не се срамиме ни јас ни ти, зошто сите знаат колку сме блиски!“.

Од тој ден ти стана мојот музички водич. Заедно со тебе пливав низ музичките води со гордо крената глава. Првиот фестивалски настап, првиот албум, првиот хит „А БРЕ ЧИЧО” ти ги должам токму тебе МАЕСТРО МИЛАН ЗАВКО. Низ овие 27 години од мојата музичка кариера имавме одлична соработка на разни семејни веселби, телевизиски проекти, новогодишни настапи итн. А, во најдлабоко сеќавање ќе ми остане нашата заедничка турнеа во Австралиа во 2013 година. Ти , Новица Василевски и јас направивме прекрасни концерти и дружба за паметење.

Има уште многу да се пишува за нашите заеднички спомени, ама рацеве ми се тресат од тага и неверица за твоето ненадејно заминување.

Единствено што ме теши во овој момент е што сега сте заедно со твојот верен другар и пријател Џанго (мојот татко Стефан). Сега свирете и играјте во царството небесно, летајте со ангелите, а ние засекогаш ќе ве чуваме во нашите срца и нашите спомени.

Фејсбук-статус на Татјана Лазаревска, естраден уметник

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

ПОТРЕСНО! Бранка од Скопје низ солзи раскажува: Внука ми е под урнатините..

Под урнатините на сирискиот град Алепо остана и четири годишната внука на Бранка Недељковиќ, Македонка која над две децении живеела во Сирија пред да избега од ужасите на војната. Во обид да си ги извлече од станот на 4-кат во зградата, двете деца и сопругата, помладиот син во семејството Неделковиќ […]