fbpx

БОГ Е ГОЛЕМ! По три дена, малата Хелен е извлечена од урнатините (ВИДЕО)

Снимки со драматични сцени постојано се објавуваат на социјалните мрежи. Научниците со црни прогнози, се’ помалку време останува за преживеаните

Спасувачки тим од Унгарија од урнатините во Антакија извлече 18-годишно бебе.

Малата Хелен е пронајдена жива три часа по спасувањето на петгодишниот Мехмет заедно со неговата 32-годишна мајка Серап Топал кои беа лоцирани од германските и британските тимови за пребарување.

Во катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија загинаа повеќе од 16.000 луѓе, се наведува во новиот извештај. Светската здравствена организација проценува дека бројот на мртви може да порасне и до 20.000. Само во Турција се повредени повеќе од 53.000 лица.

Првите 72 часа по земјотресот се сметаат за критични за пронаоѓање на преживеани. Просечната стапка на преживување по првите 24 часа паѓа од 74% на 22% на третиот ден, пишува „Скај њуз“.

Следни Објави

Слика која ги згрози сите: Во кутија стави сè што може за помош на Турција (ФОТО)

„Одвратно е“, коментираат сите што ја видоа фотографијата По катастрофалниот земјотрес во кој, според последните извештаи, загинале речиси 20.000 луѓе, хуманитарната криза ескалира. Освен спасувачки екипи, земјите веќе почнаа да испраќаат и донации за најпогодените места. На социјалните мрежи се шири фотографија која никого не остави рамнодушен, но овојпат во […]