Таа е една од нашите најквалитетни интерпретаторки, дама со бројни евергрини, пејачка која остава без здив секогаш кога ги изведува легендарните рефрени „Што те нема“, „Ти си тој“, „Доволно луд“..
Минатата година ѝ беше исклучително тешка, почина мајка ѝ, легендарната Невена Кочовска, која подолго време боледуваше од Алцхајмер.
Лидија Кочовска која со години е вработена во хорот на Македонската опера и балет, се’ помалку ја има на јавната сцена, но често пее на приватни прослави на кои, како што и самата кажа во една прилика, се чувствува ценето.
Паузата од естрадата очигледно ѝ годеше, откако пред извесен период проговори и за здравствените проблеми со кои што се соочувала.
„Имав здравствени проблеми, но по сите испитувања овие три години, се потврди дека стресот е главен причинител за речиси сите болести кај многу луѓе, а таква беше ситуацијата и кај мене. Фала му на Бога, откако се потврди вистинската дијагноза, со соодветна терапија, сега се чувствувам многу подобро“, призна Кочовска пред неколку години во интервју за „Женски магазин“.
Лидија не е многу активна на социјалните мрежи, па со една нејзина објава од пред неколку дена навистина ги воодушеви фановите.
Пејачката која во јули ќе наполни 48 години се пофали со новата фризура, но сите го коментираат нејзиниот младешки изглед и дека за разлика од повеќето нејзини колешки, одлучила достоинствено да старее.
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО