fbpx

Вака се сака свекрва: Македонската пејачка и водителка раскажа потресна приказна

Познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пред една недела со трогателна посвета се прости од својата свекрва.

Таа на своите следбеници на социјалните мрежи им откри дека се упокила мајката на нејзиниот сопруг Марјан кој прерано го напушти овој свет и од кого ја има ќерката Матеа.

Сега, во интервју за „Слободен печат“ таа детално раскажува каква жена била нејзината свекрва и со што се’ се соочувала пред да го напушти овој свет.

„Нашата баба Лена беше вистинска лавица. Сама го пораснала Марјан и освен него немаше никој друг. Го родила на 21 година, а веќе на 22 била самохрана разведена жена! Прерано ги изгубила мајка ѝ, брат ѝ, татко ѝ, а подоцна и сестрата. Јас, за жал, не запознав никој од потесното семејство, освен нејзината прекрасна сестра Снежана, која почина пред 4 години. Баба Ена (како што ја викаа Мила и Матеа) имаше очи полни со живот, прекрасна црна густа коса и насмевка што нема никогаш да ја заборавам. Ги правеше највкусните сарми, пити, штрудли и нема за што не ја биваше. На внуките им ги упатуваше најнежните зборови и постојано ги благословуваше. Во ништо не ја оддели мојата Лора од нив и сѐ што купуваше за Мила и Матеа, купуваше и за Лора. Беше голем верник и по ненадејното заминување на Марјан, гробиштата ѝ станаа единствената дестинација што ја посетуваше, сѐ додека не ја спречи болеста“, открива Турунџиева за „Слободен печат“.

Во најтешките мигови кога го изгубиле Марјан, Сузе ѝ ветила дека секогаш ќе биде тука за неа, без оглед на сѐ. Така и постапила и не ја оставила ниту еден ден сама, особено во последните 9 месеци откако се разболела и не можела повеќе да функционира сама.

„Сѐ што таа посакуваше во последните месеци, беше да седам до неа и да ја држам за рака за да не биде сама, а јас и Матеа тоа со задоволство го правевме, колку и да ни беше стресно и болно, бидејќи длабоко во себе бев сигурна дека истото би го правел и Марјан за мојата мајка, да беше обратно“, завршува Турунџиева.

Следни Објави

Бил Гејтс си ќари богата вдовица: За него е премија, ќе се изненадите како изгледа

Славниот милијардер никогаш не бил посреќен, тврдат тие што го познаваат Пола Херд, вдовица на починатиот извршен директор на Oracle и поранешен шеф на Hewlett-Packard, Марк Херд, е новата девојка на Бил Гејтс, пренесуваат странските медиуми. Двојката привлече големо внимание на неодамнешниот финален натпревар на Австралија опен во Мелбурн каде […]