fbpx

Студент изел пилешко, па останал без двете нозе: Му се развило нешто запрепастувачко (ВИДЕО)

Животот засекогаш му се променил, ама барем останал жив

Студент изел пилешко со тестенини кое неговиот пријател го нарачал претходната вечер, а по оброкот веднаш се разболел, објави New England Journal of Medicine.

Качил исклучително висока температура со пулс од 166 отчукувања во минута кога бил хоспитализиран. Ретко пиел алкохол, пушел две кутии цигари неделно и марихуана секој ден, пишува „Мирор“.

Морало со хеликоптер да го префрлат во друга болница на понатамошно лекување бидејќи состојбата значајно му се влошила. Откако сепсата му се проширила на екстремитетите, му ги ампутирале сите десет прсти, како и двете нозе под колената.

„Пациентот беше добар до 20 часа пред да го примиме кога му се развија дифузни болки во стомакот и мачнина откако изел остатоци од рижото, пилешко и јуфки“, пишува во извештајот.

Пет часа претходно му се појавила модра дисколорација на кожата.

Објавено е и видео во кое корисникот „Д-р Бернард“ објаснува дека сериозните симптоми кои се развиле кај пациентот веројатно се од агресивна бактериска инфекција.

Претрпел застој на бубрезите и згрутчување на крвта после само 24 часа од јадењето. Крвните тестови покажале дека во крвта ја има бактеријата Neisseria meningitidis.

„Кога бактериите се присутни во крвта, крвните садови се шират, се спушта крвниот притисок и спречуваат проток на кислород во органите“, истакнува истиот извор.

Кога ткивото во кожата нема крв, истото помодрува и почнува да трне во процесот кој се нарекува некроза. Иако состојбата на пациентот му се стабилизирала, ткивото на неговите прсти развило гангрена, како и на нозете до стапалата.

Несреќниот студент дошол при свест 26 дена подоцна и состојбата му се подобрила. Иако животот комплетно му се променил и сега многу потешко ќе функционира, имал среќа што барем останал жив, коментираат здравствените работници.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

ВИСТИНСКО ЧУДО: Татко и ќерка извлечени од урнатините по 132 часа (ВИДЕО)

Сезаи Карабас и неговата ќерка Шенгул Карабас денеска беа извлечени од спасувачите на Газиантеп, Турција, по 132 часа поминати под урнатините. На видеото кое се споделува на социјалните мрежи се слуша како таткото ги моли спасувачите да ја бараат и неговата сопруга за која верува дека сè уште е жива и […]