fbpx

Аманет од покојната мајка: Водителката Љубица Јаневска си ја отвори душата

Водителката на Канал 5 телевизија, Љубица Јаневска-Ивановска, важи за една од ретките жени од јавната сцена кај нас која кариерата ја изгради со чист професионализам, без скандали и заткулисни игри.

Дамата која важи за една од најубавите ТВ-лица кај нас секогаш умерено зборува за приватниот живот, а минатата година неочекувано си ја отвори душата и проговори за својата покојна мајка.

„Искреност, чесност и посветеност во сè што работам“ ѝ одговори на новинарката кога ја праша кои совети што ги наследила од мајка си ќе се обиде да ѝ ги пренесе на својата ќерка.

„Отсекогаш се залагала за искрен и чесен пристап во сè. Да бидам човек, да подавам рака, да не правам зло. „Не гради среќа на туѓа несреќа“ и „Не го прави она што не сакаш тебе да ти го прават“ се двата совета што први ми паѓаат на памет. Во овој дух, заедно со сопругот Александар, ја воспитуваме нашата Нела“, изјави познатата Бубе во интервју за „Женски магазин“.

А, токму со нејзиниот животен партнер, како што самата призна во едно гостување, си даваат совети буквално за сè.

Краток период заедно работеле во матичната телевизија на популарната водителка. Во тој период немале некоја особена комуникација. Интензивно почнале да се допишуваат на социјалните мрежи дури кога тој заминал на друго работно место и станале многу добри пријатели. Така им се родила љубовта, раскажа Љубица во една прилика.

 

Следни Објави

Естрадата во шок: Убиен познатиот пејач (ФОТО/ВИДЕО)

Трагедија го потресе музичкиот свет Убиен е Кирнан Форбс, популарниот јужноафрикански рапер кој се прослави под уметничкото име АКА. Пејачот и музичар бил застрелан пред ресторан во крајбрежниот град Дурбан. Во престрелката настрадал и неговиот близок пријател, готвач и претприемач Тебело „Тибз“ Моцоане, јавуваат светските медиуми. Портпаролот на полицијата, Роберт […]