fbpx

Естрадата во шок: Убиен познатиот пејач (ФОТО/ВИДЕО)

Трагедија го потресе музичкиот свет

Убиен е Кирнан Форбс, популарниот јужноафрикански рапер кој се прослави под уметничкото име АКА.

Пејачот и музичар бил застрелан пред ресторан во крајбрежниот град Дурбан. Во престрелката настрадал и неговиот близок пријател, готвач и претприемач Тебело „Тибз“ Моцоане, јавуваат светските медиуми.

Портпаролот на полицијата, Роберт Нетшиунда, изјави дека раперот и неговиот пријател оделе до нивниот автомобил кога им пришле двајца вооружени мажи кои ги застрелале од непосредна близина. Напаѓачите потоа пеш побегнале од местото на настанот. Мотивот за убиството во моментов се истражува.

Неколку часа пред неговата смрт, 35-годишниот рапер на социјалните мрежи го најави претстојниот албум Mass Country кој треба да биде објавен кон крајот на февруари.

„За нас, Кирнан Џарид Форбс беше син, брат, внук, внук, братучед и пријател, и што е најважно, тој беше татко на нашата сакана ќерка Каиро. Нашиот син беше сакан и љубовта му беше возвратена“, напишаа родителите на Форбс на „Твитер“.

Следни Објави

Плаче цел Балкан, почина во мајчината прегратка: Во земјотресот загина и секогаш насмеаниот Робин

Катастрофалниот земјотрес во Турција во црно го зави и семејството Пејковиќ од Крагуевац. Осумгодишниот Робин им подлегна на повредите, а веста за трагедијата го вознемири цел Балкан. Момчето по потекло од Србија загина во турскиот пристанишен град Искендерун. Било пронајдено без знаци на живот во урнатините на зградата, во прегратките […]