fbpx

Плаче цел Балкан, почина во мајчината прегратка: Во земјотресот загина и секогаш насмеаниот Робин

Катастрофалниот земјотрес во Турција во црно го зави и семејството Пејковиќ од Крагуевац. Осумгодишниот Робин им подлегна на повредите, а веста за трагедијата го вознемири цел Балкан.

Момчето по потекло од Србија загина во турскиот пристанишен град Искендерун. Било пронајдено без знаци на живот во урнатините на зградата, во прегратките на мајка си која била повредена и згрижена во една од болниците.

Кобната ноќ неговата мајка се обидела со своето тело да го заштити од последиците од земјотресот, но повредите биле такви што му немало спас.

Таткото Игор, роден во Крагуевац, болната вест ја дознал во Мексико каде што работел веќе неколку години.

Трагедијата ги шокира неговите најблиски роднини во Србија.

„Робин беше исклучително паметно и убаво дете. Русокос, весел, вистински ангел..“, раскажуваат тие.

Игор бил машински инженер и со сопругата Сама од Искендерун, инаку професорка по англиски јазик, се сретнале во Турција. Двојката извесно време живеела во Америка каде што Робин е и роден во 2014 година. Работата ги вратила во Турција, но пред две години Игор заминал во Мексико, додека неговата сопруга и детето останале во Искендерун.

Следни Објави

СТРАШНИ ВЕСТИ! Целиот наш свет е срушен, сопругата ја потврди смртта на младиот актер

Нова трагедија во светот на познатите На 34-годишна возраст почина Коди Лонго најпознат по улогата на Николас Алмејн во хит-серијата Days of Our Lives која се емитуваше на Ен-Би-Си. Американските медиуми јавуваат дека е пронајден мртов во неговиот дом во Остин. Тажната вест ја потврди и неговата сопруга со која […]