fbpx

СТРАШНИ ВЕСТИ! Целиот наш свет е срушен, сопругата ја потврди смртта на младиот актер

Нова трагедија во светот на познатите

На 34-годишна возраст почина Коди Лонго најпознат по улогата на Николас Алмејн во хит-серијата Days of Our Lives која се емитуваше на Ен-Би-Си.

Американските медиуми јавуваат дека е пронајден мртов во неговиот дом во Остин.

Тажната вест ја потврди и неговата сопруга со која има три малолетни деца.

„Беше неверојатен татко и најдобар сопруг. Целиот наш свет е срушен“, напиша Стефани Кларк.

Откако со часови не можела да оствари комуникација со својот славен сопруг, додека работела во локално студио за танцување, повикала полиција. Службениците го пронашле во кревет без знаци на живот, објави TMZ.

Се’ уште не е позната причината за смртта.

Лонго има проблематично минато. Неколкупати беше во судир со законот, а пред две години беше и уапсен под сомнение дека сек*уално злоставувал деветгодишно девојче. На крај, засегнатите страни се спогодија и случајот немаше судска завршница.

Следни Објави

СТРАШНИ ВЕСТИ! Популарниот турски актер пронајден под урнатините (ФОТО)

Катастрофалниот земјотрес не го преживеа ниту неговата славна сопруга Популарниот турски актер Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга, познатата пејачка Зилан Тигрис, загинаа во земјотресот во Турција. Тажната вест ја потвдија турските медиуми кои пишуваат дека се пронајдени под урнатините на една деветокатница во Дијарбекир. Спасувачите со часови слушеле галсови и […]