fbpx

Девојката што се бори за живот е позната македонска пејачка: Нови детали за трагедијата

Двете лица кои паднаа од зграда во центарот на Скопје се позната скопска двојка, јавија повеќе македонски медиуми

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата дека денеска во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено оти пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М. (47) и К.Г. (39), двајцата од Скопје.

„Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

МВР настанот не го класифицираат како обид за двојно самоубиство и очекуваат да се подобри состојбата на девојката, пишува „Нова ТВ“.

Слободен печат“ повикувајќи се на информациите на социјалните мрежи јавува дека жената што се бори за живот е позната пејачка, вокалистка на култна македонска група, а дека починатиот е познат уметник и диџеј, еден од највозбудливите протагонисти на македонската културна и уметничка сцена. 

Следни Објави

Голема загуба: Ненадејно почина познатиот македонски новинар

На 54-годишна возраст денеска ненадејно почина новинарот Зоран Поповски. „Со шок и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот колега Зоки, кој од првиот ден од формирањето на порталот беше со нас“, напишаа колегите од „Спортманија“. Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како А1, […]