fbpx

Голема загуба: Ненадејно почина познатиот македонски новинар

На 54-годишна возраст денеска ненадејно почина новинарот Зоран Поповски.

„Со шок и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот колега Зоки, кој од првиот ден од формирањето на порталот беше со нас“, напишаа колегите од „Спортманија“.

Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како А1, „Дневник“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“, „Екипа“..

Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.

Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.

Фото: Спортманија

Следни Објави

Тежок празник: Утре направете го ова!

Православната црква на 14 февруари или на 1 февруари според јулијанскиот календар го слави Свети Трифун, како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. Свети Трифун на иконите е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски, а тој се смета и како покровител […]