fbpx

Тежок празник: Утре направете го ова!

Православната црква на 14 февруари или на 1 февруари според јулијанскиот календар го слави Свети Трифун, како поим за младост и доследност кон христијанските традиции.

Свети Трифун на иконите е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски, а тој се смета и како покровител на меанџиите.

Во некои краишта овој празник е познат и како Св. Трипун пијаница. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници.

Во повеќето краишта на Македонија, на денот на Свети Трифун рано наутро се одело в црква кадешто попот пеел молитва и светел вода. Луѓето со оваа вода, за која сметале дека е ослободена од демоните и има лековита моќ, ги прскале лозјата. Потоа лозарите закројувале неколку лози кои ги полевале со вино, а потоа ги благословувале со зборовите: „Господе, ти давам едно шише со вино за илјада да ни подариш“.

Постои и  обичај, по закројувањето на лозјето, попот да забоде запалена гламја во дворот на црквата со цел да се забрза заминувањето на зимата.

На овој ден лозарите приредуваат и ручек и ги повикуваат и случајните минувачи, бидејќи се смета дека на домаќинот и целата куќа тоа ќе му донесе среќа.

Именден на денешен ден празнуваат Трифун, Трајан, Трајко..

Следни Објави

ТРАГЕДИЈА! ФАНОВИТЕ ПЛАЧАТ! Ѕвездата од славната турска серија загина во земјотресот

„Боздах филм“, продуцентската куќа која стои зад турската хит-серија Kuruluş Osman (Основачот: Осман), ја потврди смртта на славниот актер Чадаш Чанкаја. „Многу сме тажни поради загубата. За жал, не се спаси ниту неговата сопруга, музичарката Зилан Тигрис“, напишаа од „Боздах филм“ на нивниот официјален инстаграм-профил. Турските медиуми објавија дека Чанкаја и неговата […]