fbpx

ТРАГЕДИЈА! ФАНОВИТЕ ПЛАЧАТ! Ѕвездата од славната турска серија загина во земјотресот

„Боздах филм“, продуцентската куќа која стои зад турската хит-серија Kuruluş Osman (Основачот: Осман), ја потврди смртта на славниот актер Чадаш Чанкаја.

„Многу сме тажни поради загубата. За жал, не се спаси ниту неговата сопруга, музичарката Зилан Тигрис“, напишаа од „Боздах филм“ на нивниот официјален инстаграм-профил.

Турските медиуми објавија дека Чанкаја и неговата жена се пронајдени под урнатините на една деветокатница во Дијарбекир.

Спасувачите со часови слушеле гласови и повици за помош, но кога конечно ги пронашле тие веќе биле починати од хипотермија, јавија тие.

Земјотресот не го преживеа ниту Емел Атичи, актерката која го толкуваше ликот на Сермин во хит-серијата „Горка земја“. Емел загина во Адана, а не се спаси ниту нејзината ќерка Ханде.

Следни Објави

ПРОБЛЕМИ ЗА ЦЕЦА! Не знае што да прави, не гледа решение: Невозможно е!

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска се појави на снимањето на уште една емисија на „Ѕвездите на Гранд“. Таа воодушевува на секое снимање со изборот на стајлинзи, но признава дека не ѝ е воопшто лесно секогаш да биде иновативна. „Немам повеќе инспирација! Пресметав дека до крајот на сезоната ќе ми требаат […]