fbpx

ВАЖНО! УЈП ги предупредува граѓаните: Не правете го ОВА!

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека вчера и денеска, непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина: Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija.

Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи апелира да не се отвораат овие СМС пораки и да не се отвора линкот, а доколку некој го отворил линкот, да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што истите можат да бидат злоупотребени.

Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

Следни Објави

Не можам повеќе да кријам: Пејачката е болна, резултатите не се добри

Познатата хрватска пејачка Јелена Розга со години има здравствени проблеми. Конкретно со тироидната жлезда, но неодамна ѝ се слошило по еден од настапите, па фановите сериозно се загрижија за нејзиното здравје. „Среќна жена сум, имам се’ што сакам. Имам проблем со здравјето, тоа не го кријам, напротив, можеби некому ќе […]