fbpx

ЧУДО во Турција: Момче (12) е извлечено од урнатините по 207 часа (ВИДЕО)

Во турскиот град Адијаман спасувачите успешно извлекоа 12-годишно момче од урнатините на зграда цели 207 часа по катастрофалниот земјотрес што го погоди овој дел од земјата на шести февруари.

Берат Јучел е извлечен од урнатините во населбата Алитас во строгиот центар на Адијаман, а жителите коментираат дека неговото спасување е вистинско чудо.

Веднаш по спасувачката акција, на момчето му била укажана потребната лекарска помош.

Спасувачките екипи не губат надеж и решително продолжуваат да ги пребаруваат урнатините на градовите уништени од земјотресот пред осум дена.

Според досегашните официјални информации, повеќе од 36 илјади луѓе загинале во разорните земјотреси што го погодија ова подрачје.

Се очекува бројките да продолжат да растат.

Следни Објави

Денеска е Сретение Господово: Жени, внимавајте на ОВА!

Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку […]