fbpx

Со деца бегаат од зградите, ѕидовите пукаат: Погледнете го моментот на страшниот потрес во Турција (ВИДЕО)

Снимките се од надзорните камери на згради во Адана на кои се гледа како жителите истрчуваат на улица

На социјалните мрежи и во турските медиуми е објавено видео од моментот на земјотресот што ја погоди Турција пред повеќе од една недела.

Снимките се од надзорните камери на згради во Адана на кои се гледа како жителите истрчуваат на улица.

Како што јави агенцијата DHA, едното видео е од надзорната камера на петкатница во Адана која беше тешко погодена во земјотресот.

Се гледаат луѓе кои трчаат по скалите во страв и паника со нивните деца додека паѓа малтер од ѕидовите и делови од таванот во ходникот.

На друга снимка, пак, се гледа како мотор потпрен на ѕид паѓа по потресот.

Следни Објави

ЧУДО во Турција: Момче (12) е извлечено од урнатините по 207 часа (ВИДЕО)

Во турскиот град Адијаман спасувачите успешно извлекоа 12-годишно момче од урнатините на зграда цели 207 часа по катастрофалниот земјотрес што го погоди овој дел од земјата на шести февруари. Берат Јучел е извлечен од урнатините во населбата Алитас во строгиот центар на Адијаман, а жителите коментираат дека неговото спасување е […]