fbpx

Добил преку милион евра на лото, но сокрил од сопругата: Страшно се покајал кога дознала

Маж, во локалните медиуми претставен само со презимето Џоу, успеал цели две години да крие од сопругата дека добил на лотарија. Добитните броеви му ја збогатиле сметката за цели 1,36 милиони евра, односно 10 милиони јуани.

Кога госпоѓата дознала за тоа, веднаш побарала развод, а судот во Венџоу во источната кинеска провинција Жеџијанг на први февруари пресудил дека Џоу мора да ѝ плати „дебела“ отштета.

За време на судењето било обелоденето дека мажот ѝ префрлил два милиони јуани на својата постара сестра веднаш штом парите „легнале“ на неговата сметка, односно дека неколку дена подоцна подигнал 700.000 јуани за да ѝ помогне на поранешната сопруга да купи стан.

Судот се согласил со мислењето дека парите што Џоу ги префрлил на неговата сестра и на неговата поранешна сопруга се дел од заедничкиот имот, па сопругата успеала да добие 60 отсто од тој дел од добивката.

Ниту една од странките не поднела жалба, а медиумите не наведуваат зошто сопругот решил да молчи пред својата „драга“ откако се збогатил, пишува Hangzhou Daily.

Случајот потсетува на приказната од октомври минатата година кога маж од автономниот регион Гуангкси Жуанг освои 220 милиони јуани (30 милиони евра) и исто така ја криеше добивката од своето семејство, објаснувајќи дека не сака сопруга и синот „да се оптеретуваат со тоа“.

Илустрација: Шатерсток

Следни Објави

Го совлада тешката болест: Почина Анастасовски

Поранешниот македонски пратеник Влатко Ѓорчев сподели тажна вест на социјалните мрежи. Тој со емотивна посвета се прости од Димитар Анастасовски. „Бог да го прости Мите од Бутел. Ги сакаше Македонија, ВМРО, Скопје и Вардар. Го совлада тешката болест“, напиша Ѓорчев на „Фејсбук“. На неговите следбеници им откри дека покојниот бил […]