fbpx

Го совлада тешката болест: Почина Анастасовски

Поранешниот македонски пратеник Влатко Ѓорчев сподели тажна вест на социјалните мрежи.

Тој со емотивна посвета се прости од Димитар Анастасовски.

„Бог да го прости Мите од Бутел. Ги сакаше Македонија, ВМРО, Скопје и Вардар. Го совлада тешката болест“, напиша Ѓорчев на „Фејсбук“.

На неговите следбеници им откри дека покојниот бил внук на легендарниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Митко Анастасовски-Врапчето (1926-2006).

„Потресна приказна за една македонска голгота и голем патриотизам. Слава му. Нека почива во мир“, дополни тој.

Следни Објави

Светот тагува по Ракел Велч: Се мажеше четири пати, сите ѝ завидуваа на младешкиот изглед

Почина легендарната холивудска актерка и модел Ракел Велч. Мегаѕвездата се упокои по кратко боледување на 82-годишна возраст, потврди нејзиниот менаџер. Низ годините, повеќе магазини ја прогласуваа за една од најсексапилните ѕвезди во историјата на филмот. Меѓу нив и „Плејбој“ кој ја рангираше на третото место на листата со сто најсекси […]