fbpx

Ја видов мајка ми како питачи, се шокирав кога дознав зошто го прави тоа: Потресно сведошво

Необична исповед на 47-годишна жена

Мајка ми има 72 години, живееме одвоено, но во ист град. Како и на секоја постара личност, потребна ѝ е помош, но не можам да ја донесам да живее со мене бидејќи таа е голем љубител на животни.

Во станот во Москва чува неколку мачки и кучиња кои имаат поголеми права од неа. Буквално двои од своја уста за да ги нахрани.

Сите пари кои ѝ ги давам за храна и за лекови, таа ги троши на животните. Затоа, пензијата не ѝ доволна ниту за основните потреби.

Неодамна со сопругот со градски превоз се враќавме од гости. Не може да претпоставите колку ми се пресекоа нозете кога ја видов мојата мајка како проси на една од автобуските станици.

Му се молев на Бога да пропаднам во црната земја, ете до толку се срамев од себеси. Маж ми беше шокиран, бидејќи знае секој месец колку одвојувам од семејниот буџет за мајка ми. Во главата веројатно му се свртеа мал милион прашања каде одат тие пари.

Се покажа дека мајка ми од случајните минувачи бара пари за своите кучиња и мачки кои треба да ги храни, лекува и да ги стерилизира. Тоа е можеби благородно, но што ќе речат луѓето што ја познаваат кога ќе ја видат како проси? Веројатно ќе помислат дека комплетно сум кренала раце од неа.

Сепак, не планирам да ги хранам и да им плаќам лекување на бездомните животни. Не сум до толку богата.

Кога сега одам по улиците на нашиот град, постојано сум на штрек да не ја здогледам од некаде мајка ми како проси. Сигурна сум дека таа не престанала да моли за милост, само што сега подобро се крие од мене.

* Слободен превод. Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Добил преку милион евра на лото, но сокрил од сопругата: Страшно се покајал кога дознала

Маж, во локалните медиуми претставен само со презимето Џоу, успеал цели две години да крие од сопругата дека добил на лотарија. Добитните броеви му ја збогатиле сметката за цели 1,36 милиони евра, односно 10 милиони јуани. Кога госпоѓата дознала за тоа, веднаш побарала развод, а судот во Венџоу во источната […]