fbpx

Се спакувал и ѝ рекол на мајка си: „Бог ќе ми прости!“ Почнала да плаче кога дознала каде оди (ВИДЕО)

Жената не можела ни да замисли што се’ му поминува низ мислите, а потоа почнала да плаче

Самохрана мајка од САД често објавува видеа на TikTok каде што зборува за тоа како се справува со депресијата откако го изгубила сопругот.

Ешли Ирвинг обично се бави со проблеми поврзани со менталното здравје, а едно од нејзините неодамнешни видеа расплака многу нејзини следбеници.

Во видеото кое собра 4,8 милиони прегледи, раскажува како нејзиниот син решил да го посети татка си во рајот. Во рацете, како што вели, држел чанта со мотив од Спајдермен.

„Кога ја видов спакуваната торба, го прашав син ми каде планира да оди. Ми кажа дека утре го чека големо патување“, раскажува на почетокот.

Збунета, мислела дека се работи за миса, но синот ѝ дал многу тажен одговор.

„Не, тоа ќе мора да почека, но Господ ќе ми прости“, ги пренесува зборовите на синот, не можејќи да ги задржи солзите.

Тогаш момчето и открило дека планира да го посети својот татко во рајот.

Ешли потоа ја отворила торбата за да види што има намера да земе со себе. Видела дека момчето спакувало костум од суперхерој, свирче, топка и две нови бејзбол ракавици.

Покрај играчките, тој го спакувал и првиот паричник на татко му во кој се’ уште стојат семејни фотографии, неговата колонска вода и мокасините кои му биле омилени.

„Секогаш кога мојот покоен сопруг и син ми одеа на пат, тие се враќаа со цвеќе. Ви ветувам дека и утре мојот син ќе го направи истото“, низ солзи заклучи таа и расплака многумина.

„Ова е во исто време најтажното и најубавото нешто што сум го видел“, е коментарот на еден корисник на социјалните мрежи.

Следни Објави

Го совлада тешката болест: Почина Анастасовски

Поранешниот македонски пратеник Влатко Ѓорчев сподели тажна вест на социјалните мрежи. Тој со емотивна посвета се прости од Димитар Анастасовски. „Бог да го прости Мите од Бутел. Ги сакаше Македонија, ВМРО, Скопје и Вардар. Го совлада тешката болест“, напиша Ѓорчев на „Фејсбук“. На неговите следбеници им откри дека покојниот бил […]