fbpx

Се појави снимка, на градоначалникот му „залута“.. На видеото се гледа сè!

Се обиде да се извлече, но оправдувањето не држи вода

Енрике Кресто, градоначалникот на Конкордија, град кој се наоѓа на североистокот од провинцијата Ентре Риос во аргентинска Месопотамија, се најде во многу непријатна ситуација откако новинарот Луис Гасула пред некој ден на својот твитер-профил сподели видео кое сериозно го компромитира.

Се испостави дека апла ѝ го допира задникот на млада девојка која му пришла со намера да направи селфи, а Гасула подоцна напишал дека добил информација дека таа наводно е негова идна колешка, студентка по новинарство.

„Најпрво соработниците на градоначалникот се обидоа да ме убедат дека тоа е неговата сопруга. Но, локалната функционерка Летиција Понзинибио, со која Кресто има четири деца, физички воопшто не личи на девојчето од видеото“, напиша Гасула и додаде дека откако видеото стигнало до влијателните медиуми, Кресто рекол дека се’ е исценирано со единствена цел да му се наштети на угледот.

Во вторникот порталот „Ел Диарио“ објави дека не станува збор за студентка по новинарство, туку за обожавателка која ја прескокнала оградата за да се фотографира со својот омилен политичар за време на карневалот.

„Последниве денови се обидуваат да ме прикажат во несоодветно светло. Се согласив да ѝ излезам во пресрет на таа девојка која сакаше да се слика со мене и тоа беше тоа, потоа се вратив на моето место. И ништо друго не се случи“, напиша Кресто во соопштение за медиумите и уште еднаш нагласи дека некој сакал да направи скандал без да размислува за последиците.

Тој воедно изрази и жалење за девојката од видеото што била изложена на ваква страшна ситуација. Таа се’ уште се нема огласено за инцидентот.

Следни Објави

Драма во „Ѕвездите на Гранд“: На пејачката ѝ се слоши, заврши во болница (ФОТО)

Александра Тадиќ-Ципка неодамна се појавила оскудно облечена на снимањето на една емисија. Во провокативен сребрен аутфит пејачката ги оставила присутните без здив, но стајлингот не е единственото нешто за кое уште долго ќе се зборува. Таа се појавила на снимањето на „Ѕвездите на Гранд Специјал“ каде во еден момент ѝ […]