fbpx

Светот тагува по Ракел Велч: Се мажеше четири пати, сите ѝ завидуваа на младешкиот изглед

Почина легендарната холивудска актерка и модел Ракел Велч.

Мегаѕвездата се упокои по кратко боледување на 82-годишна возраст, потврди нејзиниот менаџер.

Низ годините, повеќе магазини ја прогласуваа за една од најсексапилните ѕвезди во историјата на филмот. Меѓу нив и „Плејбој“ кој ја рангираше на третото место на листата со сто најсекси ѕвезди на дваесеттиот век.

Ракел Велч се здоби со светска слава во 60-тите години на минатиот век. Најпозната е по улогите во „Fantastic Voyage“ и „One Million Years“. Добитничка е на „Златен глобус“ за најдобра женска улога за филмот „Тројцата мускетари“ од 1974 година.

Се мажеше четири пати и има две деца.

Со години сите се интересираа за тајната на нејзината младоликост. Во едно интервју изјави дека витата линија ја одржува со безглутенска исхрана и со јога.

„Вежбам секојдневно барем по еден и пол час“, откри таа во една прилика.

Следни Објави

Се појави снимка, на градоначалникот му „залута“.. На видеото се гледа сè!

Се обиде да се извлече, но оправдувањето не држи вода Енрике Кресто, градоначалникот на Конкордија, град кој се наоѓа на североистокот од провинцијата Ентре Риос во аргентинска Месопотамија, се најде во многу непријатна ситуација откако новинарот Луис Гасула пред некој ден на својот твитер-профил сподели видео кое сериозно го компромитира. […]