Александра Тадиќ-Ципка неодамна се појавила оскудно облечена на снимањето на една емисија.
Во провокативен сребрен аутфит пејачката ги оставила присутните без здив, но стајлингот не е единственото нешто за кое уште долго ќе се зборува.
Таа се појавила на снимањето на „Ѕвездите на Гранд Специјал“ каде во еден момент ѝ се слошило.
„Откако шеќерот и водата не ѝ помогнаа, водителот Синиша Медиќ ја крена и ја однесе позади сцена. Ја легна во шминкерната за конечно да дојде при себе“, коментира еден од присутните на снимањето.
Екипата на „Папарацо лов“ подоцна го забележила и моментот кога влегува во болница за да се увери дека се’ е во ред со нејзиното здравје.
Како скромна и ненаметлива девојка, Александра Тадиќ Ципка се прослави како натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“ во 2005 година.