fbpx

„Госпоѓо, каде ви се алиштата?“ Се соблече во авион, ја гризна стјуардесата.. (ВИДЕО)

Вистински хаос настанал на лет на руската национална компанија Аерофлот кога патничка се соблекла топлес, ја гризнала стјуардесата и се обидела да упадне во пилотската кабина.

Руските медиуми пишуваат дека Анжелика Москвитина (49) била под дејство на алкохол на летот од Ставропол за Москва, а причина за нејзиното дивеење наводно била никотинската криза.

Вознемирената патничка инсистирала да запали цигара, а кога не ѝ се исполнила желбата, настанал хаос. Ја соблекла кошулата, почнала да дивее, а патниците од бизнис класата морале да му помогнат на персоналот да ја врзат и да ја смират.

„Госпоѓо, седнете и облечете се. Каде ви се алиштата?“, ѝ се обраќа менаџерот на Анжелика, а таа ладнокрвно реплицира: „Дали сте свесни дека ги прекршувате правилата?“

Стјуардот ѝ одговара: „Тука има деца. Мора да го почитувате тоа“.

Но, таа не се откажува:

„Ги почитувам децата. Всушност, обожавам деца. Свесна сум дека ќе завршам во лудница или во затвор, но сакам да одам во пилотската кабина! Можете да ме убиете, но јас сакам да запалам цигара..“

По слетувањето, Москвитина веднаш е приведена и ставена на „црната листа“ на Аерофлот.

Следни Објави

Тажни вести од Холивуд! Влошена состојбата на Брус Вилис, семејството со јасна порака

Човекот кој се најде на листата на 100-те највлијателни личности во филмската индустрија, Брус Вилис (66), одлучи да стави крај на својата актерска кариера поради болеста, потврди неодамна неговото семејство. Холивудскиот актер тешко се сеќаваше на текстовите, поточно на дијалозите, а набрзо се утврди дека Вилис боледува од афазија. Неговото […]