fbpx

Тажни вести од Холивуд! Влошена состојбата на Брус Вилис, семејството со јасна порака

Човекот кој се најде на листата на 100-те највлијателни личности во филмската индустрија, Брус Вилис (66), одлучи да стави крај на својата актерска кариера поради болеста, потврди неодамна неговото семејство.

Холивудскиот актер тешко се сеќаваше на текстовите, поточно на дијалозите, а набрзо се утврди дека Вилис боледува од афазија. Неговото семејство и бројните фанови долго време се молат да се случи чудо, но состојбата на Брус Вилис е се’ полоша.

Во соопштението објавено денеска, семејството на Вилис рече дека актерот има фронтотемпорална деменција (FTD).

„Од една страна, ова е болно да се знае, но олеснување е да се има точната дијагноза. FTD е сурова болест за која многумина од нас никогаш не слушнале, но може да удри кај секого. За жал, еден од симптомите се отежната комуникација со кој Брус исто така се соочува“, пишува семејството на славниот акционен херој од холивудските блокбастери.

Тие велат дека нема лек за оваа болест, но се надеваат дека тоа може да се промени во наредните години, мислејќи на се’ повеќето научни трудови и истражувања на оваа тема.

Следни Објави

Фатив шест мажи на дело на автопат: Водителката раскажа сè (ВИДЕО)

Од глетката ѝ се слошило Ирската радиоводителка Памела Џојс во рамките на една емисија раскажа прилично бизарна анегдота за шест мажи во компромитирачка ситуација. Како што вели, нема никогаш да го заборави патувањето од Даблин до Голвеј, откако налетала на дури шестмина мажи кои уринирале покрај патот. Памела шеговито раскажува […]